Практикантска работа и кариера

Home/Практикантска работа и кариера

Практикантска работа и кариера

Доколку имате практично искуство или тренинг искуство од  програма на Бриџ Блу  Менторство, Вашите теоретски студии ќе можете да ги примените и во реалниот свет. Ова исто така може да Ви помогне да ја пронајдете Вашата вистинска кариера, како и да обезбедите корисно искуство за идните биографии и апликации за работа. Нашата Програмата за менторство е во функција да им помогне на младите луѓе да се вклучат и учествуваат во образованието, обуката и вработувањето. Овие програми им помогаат на младите луѓе да ја развијат визија за својата иднина и да им обезбеди поддршка за нивното образование, обука и цели во кариерата.

Ние, исто така, им нудиме можност на претпријатијата да воспостават комуникација со  практиканти преку нашите  програми. Целна група на  програмата се студенти и дипломирани студенти, а сѐ со цел  студентите  да се оспособат со професионални вештини, што ќе им обезбеди успешна транзиција во професионалното изградување. Работодавачите ќе бидат среќни доколку имате работно искуство или ако сте работеле со работно време од девет до пет. Но, ако имате релевантно искуство, тогаш тоа Ве става далеку пред другите кандидати.Тоа е многу конкурентен пазар на труд!

Ангажирање на практиканти може да биде исклучително корисна за компаниите во која било област на индустријата.        

  • Студенти практиканти се мотивирани и ја зголемуваат продуктивноста.Тие се млади, свежи, и сакаат да се докажуваат.Практикантите се посветуваат на задачите и  работат напорно да  ги завршат задачите брзо и ефикасно.Практикантите можат да работат на различни проекти со ентузијазам.
  • Зголемување на продуктивноста. Тие се достапни во текот на целата годината и може да бидат од суштинска важност за да се направи тоа што треба.Практикантите може да бидат поддршка на постоечкиот кадар.
  • Нови идеии и перспективи.Практиканти  поседуваат  знаење и вештини кое што го добиле преку образованието.Тие имаат нови идеи , увиди и процеси од кој може да имаат корист и вработените и компанијата.
  • Најди ги идните вработени лица. Практиканти претставуваат одлична можност за идни вработувања. Во пробниот  период  работодавач е во можност да ги оцени вештините на  практикантите како и нивната посветеност на работата. Успешните практиканти  може да станат дел од компнанијата која брзо се развива.
  • Унапредување на лидерските и супервизорските вештитни.Преку менторирање на  практикантите, вработените развиваат вештини на лидерство и супервизија. Присуството на практиканти е бенефит и за компанијата и за самите практиканти, бидејќи се развива взаемна едукација и се градат базичните вештини.
  • Практичната работа им дава можност на работодавачите да ги моделира практикантите во правец кој најмногу одговара на нивната компанија.Практикантите се пожелни, бидејќи  тие се млади и сѐ уште студираат, што пак значи дека тие не добиле шанса да ги развијат непожелните  работни навики.
  •  Проценка на талентот и можностите.Намалување на трошоците и ризиците за вработување.Потенцијалните практиканти би сакале да останат; Вашата компанија веќе ќе ги знае  квалитетите на практикантите  и работното искуство кога ќе пристигне времето за нивно целосно вработување , со што се намалува ризикот од вработувања на  непознати кандидати.
  • Повратна спрега со заедницата.Со ангажирање на практиканти компаниите  промовираат и работат во корист на образовниот систем.
  • Искористете ги предностите на ниска цена на трудот. Практикантите немаат висока цена на труд, нивните плати се значително пониски од останатите вработени, а понекогаш тие се дури подготвени да работат без трошоци, надоместоци.Покрај тоа што нивната барањата за плати се скромни, тие се меѓу најмотивирани членови на работната сила.
  • Подршка на студенти. За секој студент стажирањто  е многу корисно бидејќи се стекнуваат со искуство, развива вештини, го јакне своето резиме, учи за областа која теоретски ја изучува и може да ги процени своите интереси и способности.
  • Платено стажирање е особено корисно, бидејќи им овозможува на економски загрозените студенти да учествуваат.
Практиканти
Бриџ Блу менторинг програма