Работна виза номинирана од работодавачот

Home/Миграција во Австралија/Работна виза номинирана од работодавачот

Работна виза номинирана од работодавачот

Австралиските работодавци можат да спонзорираат странски вработени со виза за постојан престој сѐ додека работат законски и активно. Спонзорираната програма од работодавачот има за цел да им овозможи на австралиските работодавци да го задоволат недостигот на стручен кадар преку регрутирање странски работници. Има две категории на визи спонзорирани од работодавачот :

• Номинација од Работодавачот (ENS) поткласа 186

• Регионално Спонзорирана миграција (RSMS) поткласа 187

Додека ЕNС може да им помогне на Австралиските бизниси, било каде во Австралија, за да ги пополнат слободните работни места во својот бизнис, RSMS може да се користи само од страна на работодавците во регионите или областите во Австралија кои се недоволно населени. Концесиски критериуми и широк спектар на дозволени професии за номинација се применуваат за RSMS апликации.

ENS

Шема за Номинација од Работодавачот (ENS) им овозможува на работодавачите од било кој дел од Австралија, да номинираат квалификувани луѓе за виза со постојан престој. Постои само една подгрупа, подгрупа, 186, за која може да се аплиоцира кога барателот на виза е во Австралија или во странство. Процесот на ENS има два чекори. Прво, работодавачот мора да се пријави во Одделот за одобрување на номинираната позиција. Второ, номинираниот вработен мора да направи посебна апликација за виза.
Достапни се три номинациони опции :

1. Привремен престој во транзиција (ТRТ)

2. Директен влез

3. Договорот за работните односи (“Договор”)

За секоја номинација се применуваат различни критериуми во зависност од тоа дали кандидатот ќе аплицира под TRT услови или под DE услови. TRT условите може да бидат на располагање на оние кои имале 457 виза на 2 години во последните 3 години при номинацијата. Оваа виза опција е најповолна за апликантите за виза. Доколку немаат работно искуство во Австралија, во повеќето случаи, ќе се бара да ги исполнат критериумите за виза со директен влез . Од апликантите за директен влез се бара да бидат под 50-годишна возраст и да имаат IELTS 6.0 за времето на барање за виза.

RSMS

Шемата за миграција со регионално спонзорирање (RSMS) им помага на Австралиските работодавците во регионалните области и областите со низок раст на населението да ангажираат стручни работници од странство за да се пополнат постојните работни места кои не се во можност да бидат пополнети од локалниот пазар на труд. На RSMS апликациите им се дава највисок приоритет за обработка согласно Директивата Бр. 50, издадена согласно член 499 од Законот.
Секој работодавец може да учествува , сѐ додека е активен и легално работи во регионална Австралија, исполнува одредени други барања и услови наведени во RSMS.

“Регионалната Австралија” е дефинирана со поштенски код во Gazette Notice. Сите области на Австралија во моментов се покриваат од страна на RSMS освен Сиднеј, Волонгонг, Њукасл, Мелбурн, Бризбен и Голд Коуст. Како ЕНС и RSMS Програмата исто така се состои од 3 различни категории : за Привремен престој во транзиција , Директен влез и опција со Договор. Оваа програма е погодна за оние чија професија не е содржана во листа со професии.