Семејна виза

Деца

Постојат неколку визи за издржувани деца помлади од 18 години од Австралиски родител:

Дете (подкласа 101 и 802) за деца на Австралиски родители или за “Носителите на визата за постојан престој”

Издржувано дете (подкласа 445) привремена виза за издржувани деца кои се носители на виза со привремен партнер

Усвојување (подкласа 102 ) усвојување на дете од страна на Австралиски државјанин, „носител на виза за постојан престој” или од страна нановозеландски државјанин

Сирачиња ( подкласа 837 и 117 ) сирачиња усвоени од Австралиски државјани, постојани жители или новозеландски државјанин

Родители

Подолу наведените визи се однесуваат на родители чии деца се Австралијанци. Апликантите мора да го положат семејниот тест, што значи повеќе од половина од децата се бара да престојуваат во Австралија.

Оние кои емигрирале со Parent Visa ќе бидат ограничени во пристапот до австралискиот систем за социјална грижа, за одреден период на време.

Parent (подкласа 103) – за родител (и) на возраст под 65 години на Австралиски државјанин, постојан жител или новозеландски државјанин,

Aged Parent(подкласа 804) – за родител (и) на возраст над 65 години на Австралиски државјанин, постојан жител или новозеландски државјанин,

Contributory Aged Parent – ( подкласа 864 и 884 ) – за повозрасни родители кои се Австралиски жители, постојан жител или новозеландски државјанин. Скапа ама брза постапка.

Contributory Parent – ( поткласа 143 и 173 ) – за родители на Австралиски жители, постојан жител или новозеландски државјанин. Скапа ама брза постапка.

Други роднини

Aged Dependent Relative (подкласа 114 и 838) – немажени, неженети, вдовци, разведени, формално разделени роднини, кои се зависни, издржувани од страна на Австралиски државјани, постојан жител или Новозеландски државјанин.

Carer (подкласа 116 и 836 ) – роднини на Австралиски државјани, постојан жител или Новозеландски државјанин, кој има медицинска состојба или чиј член од семејството има посебна медицинска состојба која бара нега.

Remaining Relative (подкласа 115 и 835) – последни преостанати роднини на Австралиски државјанин, постојан жител или Новозеландски државјанин.

Partner subclass (подкласа 801 виза) – ова е виза за постојан престој за еден човек кој е оженет, или во де факто е во врска со Австралиски државјанин, постојан жител на Австралија или Новозеландски државјанин.