Луѓето кои веднаш по завшување на училиште знаат што сакаат да студираат, се многу ретки . Оние кои отсекогаш велеле дека сакаат да бидат астронаути, а потоа и навистина стануваат астронаути се толку ретки, што се речиси митски. Многу поголема е веројатноста да започнете со тоа дека сакате да бидете актерка како Анџелина Џоли, па потоа да бидете хирург, да се префрлите кон тоа да бидете учител и да го насочите умот кон тоа да станете брокери и конечно, да завршите во областа на недвижен имот – каде што може но и не мора да бидете среќни.
Тешко е да одлучите што сакате да бидете кога ќе пораснете, но, можеби може да се инспирирате од некои од најпопуларните програми за образование во Австралија. Не мора да се запишете на било која од нив, но, како што често се случува, една работа води кон друга и доволен е само еден миг за да пред Вас се отвори Вашиот нов свет!
Австралија нуди разновиден спектар на опции за студирање за странските студенти, со повеќе од 1.200 институции и над 22.000 предмети кои што можат да изберат. Може да се изучуваат сите нивоа на образование од основно и средно образование, до стручното образование и обука (VET), од курсеви по англиски јазик до високо образование (вклучувајќи ги универзитетите). И без оглед на тоа што ќе студирате или колку долго ќе студирате, законите во Австралија прмоовираат квалитетно образование и заштита на странските студенти. Овде се вклучени образовните услуги за странски студенти (ЕСОS) Акт 2000 (се отвора во нов прозорец) и Националниот Код за пракса (се отвора во нов прозорец) за Телата за регистрација и образовани институции и обука за странски студенти 2007 (Национален код) . Тие обезбедуваат конзистентни стандарди на национално ниво за образованите институции и обуката за странски студенти.

Топ 10 популарни курсеви во Австралија 2014

Bachelor of Education (Primary)
Bachelor of Education (Early Childhood)
Bachelor of Behavioural Studies (Psychology)
Bachelor of Arts
Bachelor of Business
Bachelor of Accounting
Bachelor of Arts (Fine Art and Visual Culture)
Bachelor of Criminology and Criminal Justice
Bachelor of Communication
Bachelor of Arts (Librarianship and Corporate Information Management)
Извор: Open Universities Australia

Тука имаме информации за популарни курсеви меѓу странските студенти кои студираат во Австралија.

Сметководство
Архитектура
Бизнис
Образование
Инженеринг
Графички дизајн
Средното училиште
Угостителство
Информатичка технологија
Магистер по бизнис администрација
Нега
Менаџирање на проекти