Студирање во Канада

Што сакате да студирате во Канада?

Замислете да студирате морска биологија на Канадскиот Западен Брег, учење на француско – канадска  историја во Квебек, да посетувате кулинарско школо во Халифакс! Реализирајте ги  Вашите интереси низ училишта и програми во Канада, кои ќе Ви пружат возбудливи мултикултурни искуства, пренесени од страна на некои од водечките инструктори во светот.

Добијте студентска дозвола

За да учите во Канада, можеби ќе Ви треба студентска дозвола и / или виза за посета.

Подгответе се да учите.

Дознајте што Ви е потребно пред да аплицирате за дозвола за студирање во Канада.

Определете ја Вашата подобност.

Аплицирате за студентска дозвола.

Продолжете ја својата студентска дозвола

Треба да аплицирате за продолжување на студентска дозвола најмалку 30 дена пред да истече рокот на постојната дозвола.

Работа додека студирате

Можно е да работите во Канада, додека сте таму како студент, без оглед на Вашето Државјанство и Канадската Имиграциона работна програма за студенти. Во повеќето случаи, ќе треба да побарате студентска дозвола за работа.

Можете да  работите во кампусот на установата  во која што учите  без дозвола за работа, доколку сте редовен студент на јавна институција по завршеното средно образование, како што е колеџ или универзитет, или  collège d’enseignement général et professionnel (CEGEP) во Квебек -приватна институција за вишо образование, која работи под исти правила и прописи, како јавна установа, и добива најмалку 50 проценти од финансирањето за целокупната работа од владините грантови (во моментов  во Квебек се квалификувани само образовните институции на ниво на приватен колеџ) или Канадската приватна институција овластена со локалниот статут да додели дипломи и да имате валидна студентска дозвола.

Останете во Канада по дипломирањето

Можете да останете во Канада како постојан жител или да најдете работа откако ќе дипломирате. Да се работи во Канада, по дипломирањето, мора да аплицирате за дозвола за работа во рамките на прогрмата – Пост-дипломска работна дозвола (PGWPP). Ако сакате да останете во Канада како постојан жител по  дипломирањето, постојат голем број на достапни програми, при што секоја прогама има свои барања.